Македонско-бугарската комисија и натаму не може да најде решение за Гоце Делчев и поновата историја

Македонско-бугарската комисија успешно ги затвори поглавјата за предисторијата и античкиот период, но и понатаму се далеку од договор за Гоце Делчев и поновата историја, пренесува 1тв.

Копретседателите на македонско-бугарската комисијата Драги Ѓоргиев и Ангел Димитров, заедно со своите тимови во овие два дена успеале да ги состават и препораките за предисторијата и антиката, кои ќе бидат испратени до двете влади.

Овие препораки се однесуваат за учебниците по историја од 5-то одделение во бугарскиот и 6-то одделение во македонскиот образовен систем.

– Извлечени се местата за средновековието околу кои може да се направат препораки, каде што има најсуштествени разлики. Во следните 2 месеци ќе биде разменета првата драфт верзија на забелешки. Во септември ќе се усвојат и овие препораки, изјави Драги Ѓоргиев, копретседавач со македонско-бугарската експертска комисија.

Сепак најтешкиот дел допрва претстои, а тоа е изнаоѓање на заедничко решение за Гоцел Делчев и поновата историја.

– Не би навлегувал кои се разликите за Гоце Делчев. Има простор да се постигне договор за него – изјави Ѓоргиев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот