Македонските универзитети повторно не се меѓу најдобрите 1.000 на Шангајската листа

Шангајска листа на најдобри универзитети

Денеска повторно е објавено Академското рангирање на универзитетите во светот, или познато како Шангајска листа. Она што е поразително за нашето образование е фактот што и годинава нема ни еден од македонските универзитети меѓу најдобрите 1.000 во светот.

Оваа година, највисоко се рангирани универзитетите „Харвард“, „Стенфорд“, Институтот за технологија во Масачусетс, „Кембриџ“ и „Беркли“.

Меѓу земјите од регионот, Универзитетот во Атина се наоѓа од 300 до 400 место, а од 400 до 500 место е рангирани Универзитетот во Белград, Универзитетот во Љубљана и Универзитетот во Загреб. Универзитетот во Нови Сад се наоѓа од 900 до 1.000 место на Шангајската листа.

Пад од 47 места за УКИМ според Центарот за рангирање на светски универзитети

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот