Македонските туристи остануваат на Халкидики, нема откажувања на аранжманите - Слободен печат
ВестиМакедонија

Македонските туристи остануваат на Халкидики, нема откажувања на аранжманите

На граничниот премин „Богородица" денеска не е забележана поголема фреквенција и враќање на туристите.

Со македонските туристите кои се на одмор во регионот Халкидики што беше зафатен од силно невреме се контактира и им се нуди помош, но досега нема такви пријави, ниту пак поголеми откажувања на туристичките аранжмани, велат за МИА дел од туристичките агенции од државава.

Од туристичката агенција „Атлантис” изјавија дека досега не добиле повик за помош од туристи и оти изутрината е откажан еден аранжман, но и се склучуваат нови за тој регион.

– Ги контактираме туристите и  копартнерите во хотелите каде што се сметени и засега нема пријава за проблем. Утрово имаше клиенти кои најавија дека нема да одат затоа што имале аранжани токму на тие локации, но тоа е личен избор. Активни сме, им праќаме пораки и нудиме помош, информираат од „Атлантис”.

И на дежурната телефонска линија на „Савана турс” досега нема повик за асистенција и помош, ниту пак откажувања на аранжаманите.

– Отворени сме за каква било поддршка . Подготвени сме да испратиме вонреден транспорт на туристите доколку тоа биде потребно, изјави за МИА Ана Крстевска Каламадевска, диреектор на продажба во „Савана турс”.

На граничниот премин „Богородица” денеска не е забележана поголема фреквенција и враќање на туристите.

– Сообраќајната фреквенција е вообичаена што значи дека  поради невремето нема зголемена фреквенција за влез во земјата ниту од македонски ниту од странски туристи, велат за МИА од ГП „Богородица”.

Како што информираа претходно од Министерството за надворешни работи, досега нема информации за настрадани државјани на Северна Македонија во невремето. Засега ниеден македонски државјанин не пријавил ниту штета од невремето. Во тек се дополнителни проверки од надлежните институции.

Во невремето што го погоди Халкидики,  една најпосетуваните летни дестинации на македонските туристи животот го загубија најмалку шест лица, меѓу кои и две деца. Едно лице се води како исчезнато, десетици се повредени, причинета е голема материјална штета и има прекин на снабдувањето со електрична енергија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close