Македонските таеквондисти со пет медали на силниот меѓународен турнир во Белград
Одличен настап со пет псвоени медали на македонските младински репрезентативци на силен меѓународен Е2 турнир во Белград, Србија.
Теодор Стојановски од таеквондо клубот Бутел во кадетска конкуренција освои злато со три победи над натпреварувачи од Израел, Бугарија и Украина.
Филип Блажевски од ТК Бутел се закити со сребро кај јуниорите со две победи над таеквондисти од Словенија и Хрватска. Потоа, Андреј Василевски од ТК Бутел дојде до бронза со две победи над претставници од Грција и Хрватска.
Христијан Симоновски од ТК Младост освои бронза кај јуниорите, а во женска конкуренција Ведрана Тунески (ТК Бутел) дојде до бронзен медал кај кадетките со победа над таеквондистка од Израел.
Младинскиот репрезентативен тим на овој турнир беше предводен од помошник селекторот Викторија Спасовска.