Македонските ракометни кадети со победа почнаа на „Шпаркасе Куп“

фото: РФМ

Успешен старт имаше македонската кадетска ракометна репрезентација на турнирот „Шпаркасе Куп“ во Мерциг, Германија.

Избраниците на селекторот Раде Стојановиќ триумфираа во рамките од групата „Б“ против Австрија со 25:23.

Најефикасен во нашата селекција беше Ненад Белистојаноски со девет голови, а шест имаше Марио Стојановски.

В среда Македонија ќе има уште два натпревари, од 11.20 часот ривал ќе биде Германија, а од 16.40 часот ќе ги одмери силите со Холандија.

Инаку овие мечеви се играат две полувремиња по 25 минути со пет минути пауза. Во зависност од пласманот во групата на 29.12 ќе се одиграат натпреварите за конечен пласман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот