Македонските ракометарки се враќаат со голема негатива од Букурешт!

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Македонската женска сениорска репрезентација денеска во првиот натпревар од баражот за пласман на Светското првенство, во Букурешт загуби убедливо од Романија со 33:22 (15:11).

И пред стартот на овој меч се знаеше дека противникот ја има фаворитската улога и истата беше оправдана на теренот, а за избраничките на селекторот Симе Симовски останува на реваншот во Скопје да се покажат во подобро издание.

Добро започнаа нашите ракометарки од првата минута, двапати израмнија на 2:2 и 3:3, а при негатива од 5:4, противникот направи серија од 7:0.

Успеавме до крајот на првото полувреме нешто да намалиме и на паузата заминеме со „минус четири“ (15:11). И на почетокот од вториот дел добро се држевме резултатски, ривалот имаше само предност од „плус три“ (17:14).

Но, одново се дозволи нова низа на погодоци на противникот, односно серија од 5:0, а подоцна нашата негатива стана и „двоцифрена“.

Како што и се очекуваше Романките беа предводени од нивната најискусна ракометарка Неагу која запиша 11 голови. Во нашите редови најрасположена беше Ристовска со осум погодоци, по пет имаа Јанеска и Стојковска.

Возвратната пресметка ќе се игра четири дена подоцна во истиот термин во СЦ „Јане Сандански“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот