Македонските ракометарки поразени на првиот контролен дуел против Србија

Левче Китевски ги водеше ракометните репрезентации од јуни 2020/Фото: РФМ

Избраничките на селекторот Љубомир Савевски во рамките на ЕХФ неделата загубија денеска во првиот од двата пријателски натпревари против Србија со резултат 33:25 (20:10).

Српските ракометарки многу подобри го отворија мечот, брзо стекнаа убедлива предност и држеше контрола над играта и резултатот во текот на целото прво полувреме.

Нашата селекција во вториот дел одигра нешто поагресивно и успеа да намали нешто од големата негатива. Во нашите редови најефикасна беше Јанеска со девет погодоци, четири запиша Стојковска, а по три Ристовска и Гичевска.

МАКЕДОНИЈА: Серафимова, Мицевска, Јовановска, Миновска, Ристовска 3, Дукоска, Ризоска 1, Дабевска 1, Јанкуловска, Коцева, Стојковска 4, Младеновска, Јанеска 9, Гичевска 3, Кипријановска 2, Коловска, Џатевска 2, Коцева, Седлоска.

На натпреварот присуствуваа првите луѓе на двете ракометни федерации – претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов и генералниот секретар Филип Милошевски, како и претседателката на УО на Ракометната федерација на Србија, Милена Делиќ и генералниот секретар Светозар Станковиќ. Во пресрет на мечот, раководството на двете федерации одржа состанок во Стара Пазова, на кој се разговараше за меѓусебна соработка во областите на помладите репрезентативни категории и стручниот штаб.

Вториот контролен меч помеѓу овие две селекции ќе се игра в понеделник (29 ноември) со почеток од 12.00 часот.

На СП и ЕП ќе играат само вакцинирани ракометари и ракометарки

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот