Македонските ракометарки безбедно се вратиле дома откако заглавија на аеродром во Копенхаген

Андреа Белеска и Стефанија Мишевска се вратија во Македонија откако претходно беа заглавени на аеродромот во Копенхаген.

Македонските репрезентативки кои настапуваат во шведскиот Боден, откако тамошната ракометна федерација означи крај на првенството, тие требаше преку аеродромот во Копенхаген да се вратат во Македонија.

Но, одлуката на Владата на Македонија го затвори аеродромот во Скопје, ги остави ракометарките заглавени во Копенхаген, по што тие преку социјалните мрежи побараа помош од Министерството за надворешни работи.

Сепак, Белеска и Мишевска во последен момент успеале да извадат авионски билети за Солун по што со возило пристигнале во нашата држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот