Македонските ракометари ги чека спектакл во Скопје, па настап на „Кроација купот“

фото: Ракометна федерација на Македонија

Најдобрата македонска машка ракометна репрезентација продолжува со подготовките за настапот на Светското првенство во Полска и Шведска.

По клупските обврски со Хановер-Бургдорф во Бундес лигата во составот е и Филип Кузмановски, како и голманот на Порто, Никола Митревски кој доби одмор и не настапи на двата контролни натпревари против Црна Гора во Маврово.

Потсетување дека во вторник (3 јануари) во СЦ „Борис Трајковски“, Ракометната федерација на Македонија ќе организира вистински спектакл како одбележување на 30 години од формирањето на машката репрезентација, но тоа ќе биде и натпревар во кој ќе се поздрават легендите кои се збогуваа од националниот дрес. Влезниците се во продажба, повеќе на „МКтикетс“.

По „мечот на деценијата“, нашите најдобри ракометари ќе отпатуват за Хрватска каде на 6 и 7 јануари ги очекува настап на „Кроација куп“ каде што покрај играчите на Кирил Лазаров и домаќинот, ќе настапи и селекцијата на Израел.

На ракометниот Мундијал се наоѓаме во група со Норвешка (против која ќе играме на 13 јануари), Холандија (15 јануари) и Аргентина (17 јануари) и сите натпревари ќе се играат во полскиот Краков.

Стоилов: Склоп на забава, хуманост и спорт, само да не се повреди некој

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот