Македонските пчелари ќе донираат мед за здравствените установи

По повод Денот на здравјето, утре на 7 април, преку локалните пчеларски здруженија во Скопје, Битола, Куманово, Струмица, Прилеп, Охрид, Кочани, Крушево и Македонска Каменица, ќе донираме мед кој ќе биде наменет за луѓето кои во овој момент се во „прва борбена линија”, изјави Менде Трајковски претседател на Сојузот на пчеларски здруженија.

Хуманитарна акција за донирање мед на здравствените работници во македонските медицински центри во организација на Македонскиот Сојуз на пчеларски здруженија.

Претседател на Сојуз на пчеларски здруженија, Менде Трајковски, истакна дека на Денот на здравствените работници и денот на здравјето 7-ми Април, ќе донираат во медицинските центри во повеќе македонски градови.

–По повод Денот на здравјето, утре на 7 април, преку локалните пчеларски здруженија во Скопје, Битола, Куманово, Струмица, Прилеп, Охрид, Кочани, Крушево и Македонска Каменица, ќе донираме мед кој ќе биде наменет за луѓето кои во овој момент се во „прва борбена линија” односно медицинските лица во клиничките центри-болниците, потврди Трајковски.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот