Македонските општини се организираат да испратат помош за настраданите во Турција

Фото: Firat Ozdemir / AFP / Profimedia

„Со длабоко жалење и вознемиреност ја примив ужасната вест за разорниот земјотрес што ги погоди граѓаните на Република Турција и Сирија. Во овие исклучително тешки и тажни моменти за нив, за семејствата на загинатите и повредените, од мое лично име, како и од име на сите општини во ЗЕЛС и нивните граѓани, упатувам искрено сочувство, напиша на социјалните мрежи претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода, Орце Георгиевски.

-И Македонија во својата историја памети човечки загуби и огромни материјални штети од природни катастрофи. Ја памети и помошта и топлината на подадената рака во моментите кога и’биле најпотребни. Во вакви моменти сите треба да се потсетиме дека не можеме против природните катастрофи со трагичен епилог, но можеме со хуманост и солидарност да помогнеме. Оттука, како Претседател на ЗЕЛС, апелирам за солидарност до градоначалниците на сите општини во Република Македонија. Сега е момент кога секој, согласно своите финансиски можности треба да ја покаже својата благородност и на дело да докаже дека хуманоста и солидарноста со кои не’опишуваат биле и остануваат наша движечка сила! Самиот, како градоначалник на Општина Кисела Вода, веќе поднесов иницијатива до Советот за обезбедување на финансиска помош од 500.000,00 денари за погоденото население од Турција и Сирија. Остваривме контакт и со Амбасадата на Република Турција во Македонија, на која понудивме поддршка и од друг тип. Од таму дополнително ќе бидеме известени околу конкретните потреби па ќе излеземе со адекватна помош за семејствата погодени од разорниот земјотрес! Истакна Георгиевски.

Се надевам и силно верувам дека овој чекор ќе го следат сите останати градоначалници. Искрено и од срце посакуваме брзо заздравување на повредените, а овие земји што поскоро да ги санираат погодените места од разорниот земјотрес, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот