Македонските општини ги исполнуваат условите за учество на проектот „ЕУ за општините”

Фото/ МИА

Сите 81 општина во Република Македонија ги исполнуваат условите и можат да соработуваат за подготовка и имплементација на иновативни идеи за проекти со локалните невладини организации и партнери од деловниот сектор за учество на проектот „Подготвителни активности за програма за поддршка на општините ИПА 2020″, беше соопштено на работилницата што се одржа во општина Радовиш.

Според градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов, целта на работилницата, меѓу другото, е да се направи нешто за сопствената општина со заедничка соработка.

Шемата за грантови „ЕУ за општините” се очекува да го објави првиот повик во летото 2020 година, а меѓу 5 и 15 проекти, со просечна големина од 500 илјади евра, ќе бидат избрани.

Со помош на тим лидерот на проектот Клаус Рихтер и експертот Бардуљ Марку на работилницата се разгледуваа можните идеи за реализација на проекти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот