Македонските одбојкари загубија во првиот контролен меч против Швајцарија

фото: Одбојкарска федерација на Македонија

Најдобрата македонска машка одбојкарска репрезентација е поразена од Швајцарија во првиот од двата пријателски натпревари на гостински терен.

Противникот беше поуспешен со 3:0 во сетови (25:23, 25:22, 29:27), а го доби и четвртиот сет кој се играше со договор на двата селектори (25:22).

Во нашата селекција капитенот Никола Ѓорѓиев забележа 15 поени, Стојан Илиев освои 10, Александар Љафтов и Владо Милев по осум.

Филип Маџунков и Филип Савовски запишаа по седум поени, Филип Лепидовски и Ефтим Ричлиев по два, а Ѓорѓи Ѓорѓиев, Тоше Ефремов и Стојче Арсов по 1.

Селекторот Хари Наковски им даде шанса на сите одбојкари со оглед дека националниот тим се подготвува за квалификациите за пласман на Европското првенство во 2026 година, па потребно е да се искористи целиот потенцијал. Вториот контролен меч меѓу Швајцарија и Македонија е закажан за в сабота.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот