Македонските одбојкари загубија убедливо од Египет

Европската златна лига е новиот предизвик за македонските одбојкари/фото: facebook/Одбојкарска федерација на Македонија

Денеска македонска одбојкарска сениорска репрезентација одигра два сета на една топка против Египет, но на крајот загуби со 3:0 (25:23, 25:23, 25:20) во својот први натпревар на Медитеранските игри во Оран, Алжир.

Капитенот на нашата селекција Никола Ѓорѓиев оствари 22 поени, Милев, кој во Европската сребрена лига повремено играше либеро, запиша осум поени.

Илиев имаше пет поени, еден помалку Савовски, по два Деспотовски и Костиќ, а еден Ѓорѓи Ѓорѓиев 1.

Вториот меч во Оран одбојкарите ќе го имаат во вторник против Италијанците кои на стартот со 3:0 беа подобри од Египќаните.

Македонските одбојкарки од 13.00 часот по наше време ќе се сретнат со Тунис откако вчера загубија од Египет со 3:1 на враќањето на интернационалната сцена по повеќе од една деценија. Тие утре ќе играат со Грција која во првото коло славеше над нашите денешни ривалки со 3:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот