Македонските одбојкари со прв пораз во Европската сребрена лига

Во однос на ЕП кое се одржа пред две години ќе ги нема Милков и Андонов/ Фото: facebook.com/volleyballmkd/

После двете победи над Кипар и Израел, денеска во Струмица најдобрата македонска одбојкарска репрезентација го претрпе првиот пораз во Европската сребрена лига.

Избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ со резултат 0:3 во сетови 21:25, 23:25 и 24:26 загубија од селекцијата на Данска.

Во победничките редови доминираше Мад Кјед Јенсен со 22 поени, пет помалку во македонската репрезентација запиша Никола Ѓоргиев.

Во периодот од 28-30 мај ќе се игра вториот турнир во Шлагелсе (Данска), редоследно играме против Данска, Израел и на крајот со Кипар.

На тој начин Данците по првиот турнир одигран во нашата земја се наоѓаат на првото место во групата „А“ со осум бодови, пред Македонија која има шест, Израел е трет со три, а последен е Кипар кој има еден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот