Македонските одбојкари поразени во вториот контролен меч со Албанија

Албанија е еден од ривалите на Македонија во Европската сребрена лига/Фото: ОФМ

После триумфот во првиот пријателски натпревар, денеска во Маврово македонската одбојкарска сениорска репрезентација загуби со 3:0 од Албанија.

Избраниците на селекторот Ратко Павличевиќ продолжуваат со подготовките со цел да ја достигнат оптималната форма за настапот во Европската сребрена лига, а еден од ривалите е токму албанската селекција.

Во групата „Б“ ќе ги одмериме и силите против репрезентациите на Романија и Босна и Херцеговина.

Стартот во Европската сребрена лига за одбојкарите е на 25 мај на домашен терен против БиХ, по што ќе следува гостување кај Романија.

Потоа избраниците на Павличевиќ ќе одиграат два натпревари против Албанија, а во последните две кола Македонија прво ќе ја пречека Романија, а потоа ќе гостува во БиХ. Пласман на завршниот турнир што на 18 и 19 јуни ќе се игра во Унгарија, ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот