Македонските надежи забележаа победа во контролниот меч со Црна Гора

Фото: ffm.mk

Репрезентацијата на Македонија до 19 години славеше победа против Црна Гора во рамките на првата контролна средба одиграна меѓу овие две селекции.

На тренинг центарот „Петар Милошевски“ – Скопје, нашите фудбалери одиграа добар натпревар и сосема заслужено славеа победа со 2:0. Во првите 45 минути пропуштивме неколку добри прилики за постигнување гол, а отпорот на противникот го скршивме во второто полувреме.

Во 54 минута пенал за избраниците на селекторот Влатко Гроздановски, сигурен од белата точка беше Грегори Давков. Конечните 2:0 беа дело на Фета Бехар во 69’. Нашата селекција за овој натпревар беше ослабена со неиграњето на неколкумина стандардни репрезентативци.

МАКЕДОНИЈА: 1. Стефан Тасев, 2. Дарио Јовановски, 3. Грегори Давков, 4. Самет Реџепи, 5. Андреј Стојчевски, 6. Ване Крстевски, 7. Бехар Фета, 8. Христијан Јосифовски, 9. Михаил Талевски, 10. Октај Ракипи, 11. Љупче Кудев;

ЦРНА ГОРА:1. Иван Радовиќ, 2. Милан Радовиќ, 5. Никола Вукотиќ, 6. Неманја Бозовиќ, 8. Јован Дашиќ, 9. Виктор Џукановиќ, 10. Алекса Цетковиќ, 11. Дамјан Мугоша, 13. Кристијан Ернек, 14. Милун Јоковиќ, 20. Василије Делибашиќ;

Вториот пријателски натпревар на истите селекции е закажан на 15 април со почеток од 11.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот