Македонските надежи ја декласираа Андора, се чека расплетот на останатите групи

Македонските фудбалски надежи пропуштија шанса да триумфираат над Албанија/фото: ФФМ

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 17 години ги заврши настапите на квалификацискиот турнир во Корк, Република Ирска.

Денеска во последното трето коло ја совладавме селекцијата на Андора со 6:0 и со четири бодови ги завршивме натпреварите во група со Полска, Република Ирска и Андора. Официјално сме третопласирани на табелата, зад Полјаците, односно Ирците кои денеска одиграа со резултат 2:2.

Првите две репрезентации одат директно во следната елитна фаза од квалификациите, додека пак ние како трети ќе мора да го почекаме расплетот на останатите групи за да биде во целост комплетиран првиот квалификациски круг.

Најдобрите четири третопласирани селекции, одат во следната фаза, а засега ние сме на второто место на таа мини табела зад Босна и Херцеговина. Официјално за тоа дали нашата селекција успеала да обезбеди место во Елитната фаза, ќе дознамеме некаде околу средината на месец ноември.

Македонската репрезентација до 17 години целосно доминираше на мечот против Андора. По два голови запишаа Назифи и Стојанов, еден беше дело на Ѓоргиевски од пенал, а автогол си постигна Акоста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот