Македонските кошаркари во среда ќе добијат нов селектор

Фото: МКФ

Како што најавуваат од македонската кошаркарска федерација в среда (25 декември) ќе се промовира новиот селектор на нашата најдобра машка кошаркарска репрезентација.

Промоцијата на новиот селектор ќе се случи во 12.00 часот во просториите на хотелот „Елса“ во Скопје.

Како што од претходно е најавено, Александар Тодоров треба да биде презентиран пред јавноста кој треба да биде наследник на Јорданчо Давитков на кој му истече договорот.

Како што и најави претседателот на кошаркарската федерација, Перо Антиќ, на неформална средба со медиумите на 19 септември годинава, се преговара(ше) со неколку имиња.

Новиот селектор ќе има задача да ја води репрезентацијата од февруари 2020 година во квалификацискиот циклус за пласман на наредното Европско првенство 2021.

Нашата селекција се наоѓа во група со Русија, Естонија и Италија, и првопласираните три селекции од групата ќе обезбедат настап на континенталниот собир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот