Македонските кошаркари во Киев по прва победа во квалификациите за Светскиот куп

вајли
Џејкоб Вајли е едeн од носителите на играта на нашата селекција/Фото: kfsm.mk

После високиот пораз во Скопје од Шпанија, денеска во Киев (18.00 часот) македонската сениорска репрезентација против Украина ќе го игра вториот натпревар од квалификациите за Светскиот куп 2023.

Двете селекции го дочекуваат овој меч во „Палатата на спортовите“ со стартни порази во квалификациите, Украинците загубија во Тбилиси од Грузија со 88:83.

Џејкоб Вајли против Шпанците за нецели 16 минути имаше 10 поени и пет скокови, и уште еднаш потврди дека е едeн од носителите на играта на нашата селекција. Еве кои се неговите очекувања во пресрет на денешниот натпревар во Киев:

– Што може да се очекува од овој натпревар? Украина има доста добар тим, и сигурно е дека нè очекува еден тежок меч. Ова е уште еден предизвик за нашиот млад тим, да покаже дека навистина може да игра против вака силни репрезентации, како на пример, шпанската.

Она што се очекува од нас е да се бориме за секоја топка, за секој посед, сите да ја дадеме енергијата на теренот, па ќе видиме што ќе излезе од сето тоа. Мора да го имаме оној натпреварувачки дух потребен за вакви натпревари во кои се бориме за пласман на Светскиот Куп – вели силното крило Вајли.

Во вториот меч од оваа група, од 20.30 часот, во Хуен, Шпанија ја пречекува селекцијата на Шпанија. Една од нив ќе го заврши ноемврискиот ФИБА „прозорец“ со максимален ефект. Инаку, натпреварот помеѓу репрезентациите на Украина и на Македонија ќе биде пренесуван на „Спорт клуб HD 2“.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СК 2023

ГРУПА „Г“

ДВОЈКИ 2. КОЛО

ДЕНЕСКА:

18.00: Украина – МАКЕДОНИЈА

20.30: Шпанија – Грузија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот