Македонските кошаркари ќе ги стартуваат олимписките претквалификации во Талин или Гливице

фото: kfsm.mk

Машката сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија ќе биде дел од осумте европски селекции кои ќе играат во Талин, на еден од трите предвидени турнири во европската зона на ФИБА.

Поточно во Талин, односно Гливице и Истанбул, вкупно 32 национални селекции од Европа ќе се поделат во четири групи (по осум учесници).

Согласно со предвидениот план, групите „А“ и „Б“ (првата фаза) ќе се играат во Естонија односно Полска (завршната во полскиот град), а групите „Ц“ и „Д“ во Турција.

Како осми носител, Македонија заедно со Португалија, за противници во првата, групна фаза, може да ги добие селекциите кои се во првата група на носители (Чешка или Полска), во четвртата (Израел или Босна и Херцеговина), односно петтата (Унгарија или Естонија).

Турнирите ќе се играат во периодот од 12 до 20 август, а само победниците ќе се стекнат со право да играат во олимписките квалификации за настап на Олимпијадата во Париз во 2024 година.

Нешто подоцна е предвидено да се формираат и натпреварувачките групи на турнирните кои освен Европа, ќе се играат и во Лагос (Африка), во Аргентина ќе се игра во американската зона (градот ќе биде подоцна потврден), исто како што се очекува и потврдата за организаторот на турнирот во Азија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот