Македонските кикбоксери со голем број медали на „Балкан бест фајтерс“

Фото: facebook.com/urkodejan.mitrovski

Нашите борци се натпреваруваа на меѓународниот турнир „Балкан Бест Фајтерс“ во Јагодина, Србија.

На овој настан во кој имаше и учесници од Хрватска, Босна и Херцеговина, Молдација, Црна Гора, Србија, Бугарија, македонските кикбоксери освоија голем број на медали.

Со златни медали се закитија Бобан Илиоски, Димитар Ѓорѓиев, Васко Илиев, Дамјан Зафировски, Филип Ризов, Слаѓан Димиќ, Силвио Мировски, Фати Беџети и Александар Арапов.

Сребро освоија Филип Митровски, Стефан Каевски, Егзон Рамадани, Марко Горневски и Туркер Исмаил.

А до бронза дојдоа Викторија Варадинова, Марко Андонов, Славе Делиовски, Фериз Азири, Иве Леков, Петар Мијоски, Јусуф Шабани, Дамјан Радевски, Емир Ибраими, Марко Тодоров, Петар Христовски, Владанка Бојкова, Горјан Ристовски, Алјан Исуфи и Јани Постолов.

Македонија има европски вицешампион во таеквондо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот