Македонските каратисти освоија уште еден медал на Европското првенство во Тампере

Смилковски забележа пет победи на патот до финалето во Тампере/Фото: kfm.com.mk

Денеска во У-21 конкуренцијата или млади сениори во категоријата Столе Смилковски го освои сребрениот медал.

Тоа е уште еден голем успех на македонските каратисти на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Финска, Тампере.

Претходно Смилковски на патот до финалето нашиот натпреварувач имаше пет победи, најпрвин со 4:1 триумфираше над Алекс Зарате де Ортиз од Шпанија.

Потоа, со 2:0 го елиминираше Естонецот Макар Навитски, со 4:2 го совлада Матијас Брунер (Швајцарија), триумф над Хусејн Мамадли од Азербејџан (4:1), додека со 2:0 триумфираше против Русинот Егор Пулкин.

Во финалето за златото Смилковски загуби од Алтунер Екрем Јилмаз од Турција со 3:0.

Претходно на ова ЕП сребро освои и Андреј Басаров кај кадетите, бронза за Матеј Белистојаноски, а злато Стефан Стојановиќ во јуниорска конкуренција.

Видео на денот