Македонските граѓани се вацинираат – досега вкупно 750.893, вчера 13.232 примија вакцина

Вакцинација/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 750.893 граѓани.

Прва доза вакцина вчера примиле 3.214 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.232 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.326.584 дози вакцини, а ревакцинирани се 589.573 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

Со последните бројки, како што се посочува, 54 отсто од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 29 отсто од населението над 18 до 39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител. Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата, информираат од Министерството.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот