Македонските футсалци подобри од Велс на патот кон ЕП 2022!

принтскрин/ффм

Стрелец на единствениот погодок во триумфот беше Дандан (22:26 мин.) на стартот од второто полувреме што беше доволно за прва победа.

Нашата А футсал репрезентација успешно го започна претквалификацискиот турнир за пласман во главната рунда од квалификациите за Европското првенство 2022 година.

Денеска во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје избраниците на селекторот Васко Скендеровски минимално со резултат 1:0 беа подобри од селекцијата на Велс.

Стрелец на единствениот погодок во триумфот беше Дандан (22:26 мин.) на стартот од второто полувреме што беше доволно за прва победа.

Статистиката вели дека Македонија имаше вкупно 47 обиди за погодок, од кои 17 во рамките на противничкиот гол, додека Велшаните имаа 18 обиди, од кои шест во рамките на нашиот гол.

Во рамките од претквалификациската група „И“ наредниот дуел нашите најдобри футсалци ќе го имаат на 1 февруари (сабота) против репрезентацијата на Норвешка, а в петок двата наши ривали ќе ги одмерат силите од 19.00 часот.

Претквалификации ЕП 2022

Велс-Македонија 0:1 (Дандан, 22:26` мин.)

Македонија: А. Петровски, Крстевски, Леовски, Зибери, Андов, В. Петровски, Левески, Исмаили, Дандан, Агуши, Ранготов, Рамадан, Арсовски, Сефери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот