Македонските фудбалски надежи подобри од Романија

ffm.mk

Македонската репрезентација до 16 години одигра нерешено, без голови (0:0) против врсниците од Романија на првиот натпревар од пријателски карактер одигран на ФФМ тренинг центарот „Петар Милошевски“ – Скопје.

Во договор меѓу двете селекции, победникот се решаваше на пенали, а нашата репрезентација беше подобра со 5:4. Во регуларните 90. минути двете селекции не постигнаа погодок.

Најубавата шанса за нашата селекција предводена од Драган Канатларовски не ја искористи Георг Стојановски во второто полувреме, а убава шанса за победа на македонската репрезентација не искористи и Дашмир Елези.

Македонија до 16 години: Стефан Тасев, Марко Ристов (66` Никола Павлевски), Бљенд Зекири, Енис Буќи (89` Борјан Попоски), Матеј Ангелов (66` Давид Љушев), Дашмир Елези (84` Огнен Здравковски), Георг Стојановски (66` Михаил Талевски), Бесар Гуџуфи (80` Матео Софијановски), Игор Јаневски, Мите Митев (80` Мирче Стоилов), Хамса Меметриза (66` Матеј Ѓорѓиев);

Двете репрезентации вториот контролен натпревар ќе го одиграат в четврток од 11:00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот