Македонските фудбалски надежи одиграа реми со БиХ!

ffm.mk

Македонската репрезентација до 19 години одигра 0:0 против Босна и Херцеговина во првото коло од квалификацискиот турнир за пласман во елитната рунда квалификации за пласман на Европското првенство.

На ФФМ тренинг центарот „Петар Милошевски“ – Скопје првата шанса нашата репрезентација ја имаше во 12. минута, но ударот на Иван Николов заврши над голот на противникот. Босна и Херцеговина од првата шанса ја погоди пречката од голот на Матеј Андов.

По центаршут од корнер на Хасиќ, Мелвин Баришиќ со глава биеше само во рамката од нашиот гол. Во 35. минута, капитенот Агон Елези шутираше од работ на шеснаесетникот, но внимателен беше голманот на Босанците. Три минути подоцна, Ѓокановиќ имаше убава позиција да го загрози нашиот гол, шутираше, но одбрани Матеј Андов.

ffm.mk

Во вториот дел, БиХ први се заканија преку капитенот Хасиќ кој од добра позиција шутираше над голот. Во 55. минута се обиде, но биеше непрецизно и нашиот Ерсан Хајдари. Две минути подоцна во добра позиција беше и Николов, но не се снајде најдобро во шеснаесетникот на гостите.

Повторно имавме многу среќа во 71. минута кога Станиќ шутираше, но пречката повторно беше сојузник на нашата репрезентација, а во 78. минута одлична интервенција имаше Матеј Андов по ударот на Станиќ, а не успеа ниту Дедиќ во продолжението од акцијата.

На натпреварот од истата група одигран на стадионот во Ѓорче Петров, топ фаворитот Англија убедливо со 4:0 славеше против Луксембург. На 16. ноември од 13:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“, Македонија игра против Англија, додека во Ѓорче Петров се соочуваат БиХ и Луксембург.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот