Македонските фудбалери во важна битка против Украина за осминафинале на ЕП

epa09277432 North Macedonia players share a light moment during a training session of the team held at National Arena stadium in Bucharest, Romania, 16 June 2021. North Macedonia will face Ukraine in their UEFA EURO 2020 group C preliminary round soccer match on 17 June 2021. EPA-EFE/ROBERT GHEMENT

Денеска од 15.00 часот на стадионот во Букурешт најдобрата македонска репрезентација ќе го игра вториот натпревар од групата „Ц“ на Европското првенство, а противник е селекцијата на Украина.

После поразот од Австрија (3:1), нашите фудбалери предводени од селекторот Игор Ангеловски се надеваат на подобро издание и резултат после кој ќе се одржуваат надежите за осминафинале на континенталниот собир.

Како што најавуваат од македонската репрезентација, следува најважниот меч кој веројатно оваа генерација ќе го игра.

Имаме ситуација во која, пред верните навивачи кои без сомнение се очекува повторно да ги има во голем број на Националната Арена во романскиот главен град, можеме да се поправиме на резултатски план.

– Атмосферата останува иста, доволно сме мотивирани, затоа што знаеме дека има шанса да поминеме понатаму. Нема потреба да паѓаме доле, главата горе. Со Украина ќе биде клучен натпревар. Имаме после дуел и со Холандија, но доколку ја победиме Украина имаме големи шанси да ја поминеме групата – вели македонскиот репрезентативец, Александар Трајковски.

ЕВРО 2020

Група „Ц“, 2. коло, двојки –

15.00 часот Украина – Македонија
21.00 часот Холандија – Австрија

Табела: Австрија 3 бодови, Холандија 3, Украина 0, Македонија 0

„Слободен печат“ во Букурешт: Да му ја покажеме нашата „шева“ на украинскиот селектор

Шевченко предупредува: Македонија заслужува респект

ЕВРО 2020, Хаџиевски: Да направиме нешто како поедноставно да ја изненадиме Украина!

ФОТО: Последни подготовки на фудбалерите пред дуелот со Украина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот