Македонските фудбалери без поддршката од навивачите на гостувањето против Исланд

Ерменците се наши следни ривали во мундијалските квалификации/Фото: EPA-EFE/Olaf Kraak / POOL

Следниот месец нашата А селекција ќе ги продолжи натпреварите од квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар 2022 година.

На 2 септември дебито на клупата во Скопје ќе го има новиот селектор Благоја Милевски против Ерменија, три дена подоцна во Рејкјавик му гостуваме на Исланд, а на 8 септември се враќаме во главниот град на дуел против Романците.

Светската фудбалска куќа (ФИФА) одлучи дека присуството на гостински навивачи во септемвриските мундијалски квалификациски натпревари нема да биде дозволено.

Како што пренесува „Би-Би-Си“, ваквата одлука ќе биде разгледувана за мечевите во октомври и ноември, кога Македонија на 8 октомври гостува во Вадуц кај Лихтенштајн, а на 11 ноември гостува кај Ерменија.

Одлуката за забрана за гостински навивачи во септември беше донесена поради загрижувачкото зголемување на бројот на заразени со коронавирус.

Па така, македонската сениорска репрезентација ќе ја нема поддршката на дуелот против Исланѓаните на 5 септември.

– ФИФА и УЕФА внимателно го следи текот на пандемијата во Европа пред квалификациските натпревари во септември. Поради големиот број случаи и големиот број натпревари во септември, присуството на гостински навивачи на натпреварите нема да биде дозволено. Безбедноста е највисок приоритет во овие неизвесни времиња – се вели во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот