Македонските естрадни личности го прифатија предизвикот на Џенифер Лопез (ВИДЕО)

Иако многумина велат дека станува збор за имитација, ние би рекле дека нашите ѕвезди само се инспирале од пејачката Џенифер Лопез обидувајќи се да внесат малку позитивна енергија во овој тежок период со кој се соочува нашата земја а воедно и целиот свет.

Песната „Pa Ti“ се појави кон крајот на септември и стана вистински хит за многу кратко време. Дуетот на Џенифер Лопез и Малума се искачи на врвот на сите светски „плеј листи“, а само на Јутјуб има 12,743,543 прегледи.

Покрај интересната мелодија, во видео спотот вниманието е свртено кон специфичниот танц на познатата актерка и пејачка, кој им послужи како инспирација на многу генерации – корисници на социјалните мрежи во светот и кај нас.

Некои од нашите македонски ѕвезди, го прифатија предизвикот и почнаа да објавуваат свои креативни интерпретации на препознатливиот танц.

Водителката Марјана Станојковска која на јавноста ѝ покажа и докажа дека одлично танцува уште во танцувачкото шоу „Танц со ѕвездите“, сподели свое видео на социјалните мрежи, кое за само неколку часа од објавувањето собра над 25, 000 прегледи.

 

Во малку поразличен стил на трендот се вклучи и нашата позната водителка Лила Филиповска. Таа ја „фатила“ песната на радио и го искористила моментот во пауза меѓу работните обрски и споделила свои импресии од песната на многу интересен начин.

И младата пејачка Ања Ветерова беше една од првите што танцуваше на песната „Pa Ti“, која видеото од својот танц и „lip sync“ го сподели на својот Инстаграм профил за кое доби многу позитивни рекации од своите следбеници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот