Македонскиот возач Стефановски првопласиран на трката во Португалија

Нов одличен резултат за Иџе во Европскиот шампионат на ридски патеки/Фото: facebook.com/IgorIdzeStefanovski

Денеска Игор Стефановски триумфираше на првата трка на патеката „Рампа дал Фапера“ во Брага, Португалија во рамките од Европскиот шампионат на ридски патеки.

Иџе со својот „Хјундаи И30 ТЦР“ беше првопласиран (1 категорија) со време 2:16.121.

На втората позиција се најде Хрватот Томислав Мухвич, а на третото место е Габриела Кореја од Португалија.

Стефановски претходно беше првопласиран и на првиот тренинг пред стартот на првата трката.

Ова е втора трка сезонава, а потсетување дека на стартот во Франција во април Стефановски беше второпласиран во Сен Жан ди Гар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот