Македонскиот уметник Ѓоко Ризов се претстави во Њујорк и во Амстердам

Уметникот Ѓоко Ризов речиси половина година живее и твори во Амстердам, Холандија, каде што во 2017 година на холандската публика ѝ се претстави со самостојна изложба. Инаку, Ризов до мај 2021 година работеше во Единицата за економски и компјутерски криминал при МВР, а по напуштањето на службата продолжува активно да се занимава со уметност.

На 31 aвгуст во Њујорк сликарот Ѓоко Ризов беше дел од настанот „Abstraction Have Voices“, каде познатиот композитор и пијанист Маргин Александер од Њујорк изведе неколку оригинални композици инспирирани од уметноста на Ризов и на единаесет други уметници од девет различни земји. Настанот во форма на музичка изложба беше инструментален концерт емитуван во живо преку онлајн-стриминг и беше отворен за сите музички и уметнички љубители.

Претходно, на 21 август, Ризов имаше свој уметнички перформанс под наслов „Reflections and Frames“ во галеријата „Sound Light Color“ во Амстердам, во кој учествуваше и Александра Црвенковски од Виена. Уметничкиот перформанс ги истражува човековите свесни и несвесни тенденции на „користење маски“ и во исто време го категоризира сето она што се случува и постои околу нас.

Прашувајќи се кое е нашето „вистинско лице“ и колку често лицето во огледалото е во спротивност со сликата што му ја прикажуваме на светот, Ѓоко Ризов во својот перформанс преку портрети, огледала и лица, го поставува прашањето: како изгледа среќата, заљубеноста, осаменоста, депресијата или аксиозноста на човековото лице, и дали и колку сме спремни да се спознаеме себеси и другите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот