Македонскиот тенисер Ивановски полуфиналист на турнирот во Тунис

фото: instagram.com/kalin_ivanovskii/

Калин Ивановски за еден ден успеа да оствари победи и на тој начин се најде меѓу полуфиналистите на турнирот во Тунис.

Македонската тениска надеж најпрвин пред три дена на стартот со 2:0 во сетови 6:3 и 7:5 во 1/16 финалето го елиминираше четвртиот носител Метју Делаведова од Австралија.

Денеска играше два меча и успеа на истите да триумфира, во осминафиналната фаза со 6:4 и 6:1 го совлада Французинот Едуар Вилослада.

А пласман во полуфиналето обезбеди по победата над Николај Неделчев од Бугарија со 6:3, 3:6 и 6:3.

За пласман во големото финале на турнирот Ивановски ќе игра против вториот носител Сирил Вандермерш од Франција. Во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Крис ван Вик (Јужна Африка) и Азиз Кијаметовиќ (Босна и Херцеговина).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот