Македонскиот тенисер Ивановски ќе се бори за полуфинале во Мадрид

фото: instagram.com/kalin_ivanovskii/

Македонскиот тенисер продолжува успешно во Мадрид откако денеска во осминафиналето со резултат 2:0 во сетови го совлада Федерико Бондиоли од Италија.

Калин Ивановски, кој е петти носител на турнирот во шпанскиот главен град, ги освои двата сета со 6:3 и 6:4 за скоро еден и пол час игра.

За пласман нашиот натпреварувач во полуфиналето ќе игра в петок против Алан Фернандо Рубио Фиерос од Мексико.

Мексиканецот изненадувачки го елиминираше првиот носител, Шпанецот Адриа Сориано Барера со 2:0 (6:2, 7:5).

Доколку Ивановски слави во својот меч, во полуфиналето ќе игра против победникот од мечот Томас Дешамп (Франција) – Сидане Понтјодикромо (Холандија).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот