Македонскиот тенисер Ивановски ќе настапи на јуниорскиот „Вимблдон“

Фото: facebook.com/Македонски-тенис

Калин Ивановски, една од најголемите македонски тениски надежи, в сабота ќе го започне настапот на јуниорскиот турнир „Вимблдон“ во Лондон.

Во сингл конкуренцијата Македонецот ќе ги одмери силите против квалификантот Лука Поу (Велика Британија) кој учествува со „вајлд-карта“.

Доколку слави победа, Ивановски во второто коло ќе игра со подобриот од мечот Алесио Басил (Белгија) – Родриго Пачеко Мендез (Мексико, 11 носител).

Во изминатиот период настапи со нашата репрезентација во рамките од Дејвис куп во чие натпреварување беше обезбеден опстанокот во Третата европска група.

Во Улцињ (Црна Гора) каде што организираа мечевите во Дејвис куп, Ивановски забележа три победи против Молдавецот Снитари, Црногорецот Јовановиќ и Родеш од Луксембург.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот