Македонскиот тенисер Ивановски ќе игра за полуфинале на турнирот во Сетубал

фото: mtftennis.mk

Македонскиот тенисер Калин Ивановски избори пласман во четвртфиналето на фјучрсот во португалскиот град Сетубал. Денеска во второто коло го совлада домашниот тенисер Франциско Роча (кој настапи со вајлд карта) со 2:0 во сетови 7:6 (1) и 6:3 за два часа и седум минути игра.

Следен ривал на Ивановски утре во четвртфиналето ќе биде Жаиме Фарла од Португалија (20, 482 место АТП), кој пред десетина дена играше финале на фјучрсот во Синтра.

Се водеше голема борба во првиот сет, Ивановски направи брејк во шестиот гем за водство од 4:2, но противникот го врати изгубениот сервис во деветтиот гем и намали на 5:4, а потоа израмни и на 5:5 во гемови. Сетот беше решен во тај брекот, а по 1:1 на поени Ивановски освои шест во низа за 7:1 и водство од 1:0 во сетови.

Во вториот сет Македонецот ја потврди улогата трет носител со тоа што постојано имаше брејк шанса. Во првиот и во третиот гем од сетот Роча спасуваше по една брејк топка и поведе со 1:0 и 2:1, во петтиот гем спаси дури четири брејк топки за водство од 3:2. Но, потоа следуваше реализацијата на Ивановски и во седмиот гем ја искористи брејк топката за водство од 4:3, а потоа и во девттиот гем ја реализираше првата брејк и сет топка за 6:3 во гемови и конечни 2:0.

Инаку, утрешниот ривал Фарла го победи седмиот носител Клеман Шиде од Франција со 6:4 и 7:5.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот