Македонскиот тенисер Ивановски ја запиша и втората победа на турнирот во Мадрид

фото: instagram.com/kalin_ivanovskii

По вчерашната победа во првото коло на ИТФ фјучрс турнирот „М25 Мадрид“ во Шпанија против домашниот натпреварувач Микел Мартинез (6:4, 6:2), Калин Ивановски денеска во осминафиналето оствари уште еден триумф.

Овојпат македонскиот тенисер успеа да го елиминира седмиот носител на турнирот Џон Ечеверија (Шпанија) со 2:0 во сетови 7:6 (9) и 7:5 за два часа и 14 минути игра.

За пласман во полуфиналето Ивановски ќе игра против првиот носител Николас Морено Де Алборан од САД кој беше подобар од Шпанецот Ромеро Де Авила со 6:1 и 6:4.

Мечот помеѓу Морено Де Алборан и Ивановски е закажан за в четврток од 13.00 часот.

Доколку нашиот најдоброрангиран тенисер на АТП биде подобар во овој двомеч, во полуфиналната фаза ќе игра против Жорда Санчис (Шпанија) или Питер Хелер (Германија).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот