Македонскиот шампион во женски фудбал прими десет гола во квалификациите за Лигата на шампионите

Фото: ЖФК Љуботен

Македонскиот шампион во женски фудбал, ЖФК Љуботен со висок пораз ги заврши квалификациите за Лигата на шампионите.

Фудбалерките на Љуботен беа поразени со 10:0 од Валур од Исланд на натпреварот во Еншеде.

Во целиот натпревар Исланѓанките имаа дури 37 обиди кон голот на македонскиот претставник и дури 18 удари во рамките од голот. Од друга страна Љуботен се закани само еднаш и тој удар одеше надвор од рамките на голот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот