Македонскиот шампион соопшти дека слетал 300 километри од Даблин – само на албански јазик

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Македонскиот фудбалски шампион Шкупи кој вечерва го игра првиот натпревар од третото квалификациско коло за пласман во групната фаза во Лигата на Европа против Шамрок Роверс, се жали за лошиот третман односно одлуката на Ирците да не им дозволат да слетаат во Даблин со соопштение објавено на официјалниот фејсбук профил на клубот, но само на албански јазик.

Во Шкупи се револтирани бидејќи Ирците не им дозволиле чартер летот на македонскиот шампион наместо во Даблин слета 300 километри подалеку поради што потоа мораа со автобус да се враќаат во главниот град на Република Ирска. Натпреварот помеѓу Шамрок и Шкупи треба да се одигра вечерва (21 часот) во Даблин.

-Нашиот тим се соочи со срам и измама. Се обидовме на нашите играчи да им овозможиме удобно патување, па од тука резервиравме чартер лет и плтивме илјадници евра, се со цел играчите да пристигнат здраво. Но, ирската влада не ја послуша УЕФА. И покрај интервенцијата, Ирците го приземјија нашиот авион на 300 километри од Даблин, и ни приреди незаслужен третман. Исто така по натпреварот, треба повторно да патуваме 300 километри. Тоа не е направено на ниту еден тим, освен на нашиот – стои во дел од сооштението на Шкупи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот