Македонскиот селектор Лазаров останува верен на Нант!?

Кирил Лазаров (Нант) има петти најубав погодок на колото во Европската ракометна лига/Фото: EPA-EFE/Sandor Ujvari

Македонскиот репрезентативец и воедно селектор се очекува да биде активен како играч на терените и во наредната натпреварувачка сезона 2021/2022, информира францускиот медиум „Л`Екип“.

Кирил Лазаров (40) кој е блиску да обезбеди уште еден настап на Европско првенство наредната година, ќе ја продолжи и клупската кариера, со неговата екипа Нант на уште една сезона.

Пред да се пресели во Франција, претходно ги бранеше боите на Борец, Пелистер, Загреб, Веспрем, Ал Сад, Сиудад Реал и Барселона.

Денеска Нант од 20.45 часот ќе го игра реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите, во Полска ќе стартува со минимална негатива (25:24) против Кјелце.

Истиот извор вели дека нашиот десен бек токму на овој меч ќе го надмине рекордот за одиграни натпревари во елитното европско натпреварување (250).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот