Македонскиот селектор и капитен Лазаров уште една година во Нант

лазаров
Македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров со ново признание од ЕХФ/Фото: EPA-EFE/Henning Bagger

Македонскиот репрезентативец и воедно селектор на сениорите веднаш после победата над Швајцарија потврди дека ја продолжува соработката со Нант, по инсистирање на францускиот клуб.

Кирил Лазаров (кој на10 мај ќе го слави 41 роденден) уште една година ќе биде активен на ракометните терени, а клубот во следниот период треба да ја потврди оваа информација.

Се очекува помала минутажа за нашиот играч кој разбирливо не сака да го заврши професионалното играње на ракомет пред празни трибини.

Се надеваме дека и ситуацијата со ковид-19 ќе се нормализира и дека навистина заслужува капитенот во една права атмосфера пред верните навивачи да ја заврши богатата кариера како што доликува.

– Покажавме борба и карактер на денешниот дуел со Швајцарија, беше психолошки тешко за сите играчи. Но, на крајот останавме чесни и пред нас, пред нашите семејства и пред Бога. Можеме уште да напредуваме, добро е да се има самодоверба, во следните месеци како подготовка за Европското првенство ќе се обидеме да одиграме контролни мечеви во кои ќе им се даде шанси на помладите, да се добие додадена вредност во нив. Мислам дека до ЕП треба да добиеме уште три-четири играчи – вели Лазаров.

Жрепката на 6 мај, познати сите учесници на Европското првенство 2022

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот