Македонскиот селектор Ангеловски би можел да ја води Џенова!?

Пандев и селекторот Ангеловски/Фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

Игор Ангеловски следниот месец ќе ја води македонската А репрезентација во своето прво нејзино учество на европските шампионати.

Веќе шест години Ангеловски нема клуб, претходно беше дел од Работнички, а денеска италијанските медиуми шпекулираат дека можно е тој од следната сезона да седне на клупата на Џенова.

Џенова на нашиот напаѓач Горан Пандев успеа и сезонава да обезбеди опстанок во Серија А, и натаму капитенот е во дилема дали и следната сезона, по завршувањето на ЕВРО 2020, ќе биде активен на фудбалските терени.

Ангеловски има договор со репрезентацијата до крајот на континенталниот собир, останува да се види дали ќе ја продолжи соработката и ја води селекцијата и во мундијалските квалификации.

Како што пишува новинарот од „Гаѕета дело Спорт“, Алфредо Педула во својот блог, селекторот би можел да биде новиот тренер на калчолигашот Џенова.

Изворот вели дека една од идеите на претседателот на Џенова, Енрико Прециози, е да го доведе човекот кој ја однесе македонската репрезентација на ЕП.

Сериозна препорака за ангажман на Ангеловски доаѓа и од Пандев, кој според Педула, во тој случај би ја продолжил својата играчка кариера во клубот за уште една година, и покрај првичните најави за размислување за „пензија“ по претстојното Европско првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот