Македонскиот репрезентативец Серафимов позитивен на ковид-19!

Фото: rkmetalurg.mk

Денеска преку социјалните мрежи ракометарот на тимот од Автокоманда и воедно играч на најдобрата македонска репрезентација се огласи десниот бек Мартин Серафимов кој информираше дека е позитивен на ковид-19, но се чувствува добри и нема никакви симптоми.

Во текот на вчерашниот ден РК Металург соопшти јавноста дека во клубот има два позитивни случаи на коронавирус.

– Почитувани пријатели, Сакам да ве известам дека сум Ковид позитивен при последното тестирање во РК Металург.

Моментално се чувствувам добро и немам никакви симптоми. Ќе се придржувам кон протоколите за лекување и се надевам на брзо враќање на ракометот.

Им посакувам на моите соиграчи успешен настап во Тулуз. Благодарност до клубот и соиграчите за поддршката која ја добивам. Поздрав – напиша Серафимов на неговиот Фејсбук профил.

„Сино-белите“ предводени од тренерот Зоран Кастратовиќ во вторник (20. октомври) во Франција со почеток од 20.45 часот ќе играат без Серафимов во првото коло од новоформираната Лига Европа против Тулуз во рамките од „А“ групата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот