Македонскиот репрезентативец Ристовски има понуда од Грција

Фото: EPA-EFE/GEOR

Екипата на АЕК предводена од шпанскиот тренер Мануел Хименез ја следи ситуацијата со Стефан Ристовски, информираат грчките медиуми.

Овој клуб исто така се обидува да ангажира десен бек во текот на зимскиот преоден рок.

Репрезентативецот на Македонија веќе одамна не е во првиот состав на Спортинг Лисабон, а Португалците ги разгледуваат можните понуди за нашиот дефанзивец.

Од претходно интерес за услугите на Ристовски покажа и рускиот тим на Динамо Москва.

Во својата кариера пред да им се придружи на лисабонските „лавови“, Македонецот ги бранеше боите на Вардар, Парма, Кротоне, Фросиноне, Бари, Латина и Риека.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот