Македонскиот репрезентативец Несторовски има понуда од Серија А

фото: твитер

Илија Несторовски кој ги брани боите на Удинезе, според италијанските медиуми има понуда од клуб кој исто така сезонава игра во најдоброто италијанско првенство.

Екипата на Специја е во потрага по централен напаѓач и ја следи ситуацијата со македонскиот репрезентативец кој би можел веќе во јануари да ја напушти „Дачија“ Арената.

Моментно на табелата во тамошниот шампионат Специја се наоѓа на 17 место со пет бода, а два помалку на 19 позиција има Удинезе. До сега оваа сезона нашиот интернационалец само еднаш беше стартер, против Виченца во Купот на Италија и трипати во Серија А добиваше шанса од клупата.

Како што информира „Тутомеркатовеб“, екс играчот на Палермо, кој одлучи да остане на „Фриули“ во текот на летниот период, подготвен е да си замине претстојната зима од Удине.

30-годишниот фудбалер од доаѓањето во јули 2019 од вкупно 34 настапи реализираше три голови. Има договор со клубот до 30 јуни 2022 година и според „Трансфермаркт“ вреди 2.8 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот