Македонскиот репрезентативец Елмас избркан од тренингот на Гатузо!?

елиф елмас
Елиф Елмас еден од клучните фудбалери на Наполи/Неапол, Италија/Фото: EPA-EFE/CESARE ABBATE

Како што информираат денеска италијанските медиуми, Елиф Елмас бил избркан од тренингот на Џенаро Гатузо..

Воедно можно е македонскиот репрезентативец да не биде во составот за утрешната пресметка против Лацио на домашен терен во Серија А. Моментно „наполитанците“ се наоѓаат на петтата позиција во шампионатот и се во трка за едно од местата кои водат во Лигата на шампионите.

Гатузо предвреме го испратил нашиот играч во соблекувалната, а причината е недоволното залагање на тренингот. И претходно стратегот на клубот имал вакви потези, еднаш со бразилскиот интернационалец Алан лани, потоа со Гулам и двапати со Марио Руиз во сегашната сезона.

Исто така се додава дека Елмас е голема „дилема“ во екипата, од една страна неговите технички вештини се несомнени, но од друга не може да најде континуитет.

Многу позиции менува во текот на натпреварите, среден ред, крилен напаѓач, играч за врска, офанзивен играч за врска, и затоа има малку конфузија околу Елмас и тоа не помага да го даде својот максимум. Сето тоа може да влијае и на непроактивниот став на Македонецот на тренинзите..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот