Македонскиот репрезентативец Серафимов има нов клуб во Унгарија

Никола Серафимов ќе ги брани боите на Види МОЛ Фехервар/Фото: molfehervarfc.hu

Нашиот одбранбен играч, кој досега ги бранеше боите на ЗТЕ Залаегерсег, од следната сезона ќе настапува за МОЛ Фехервар.

Никола Серафимов (22) останува во Унгарија каде што лани во тамошниот шампионат запиша 31 настап и четири голови.

Пред да го направи својот прв трансфер во странство, во нашата земја беше дел од Академија Пандев, Вардар и Пелистер.

МОЛ Фехервар го заврши првенството на четвртото место и ова лето ќе настапи во квалификациите на Лигата на конференции. За овој клуб во минатото играа уште Мирко Ивановски, Висар Муслиу и Бобан Николов.

– Откако играм во Унгарија, гледам дека Види МОЛ Фехервар е еден од најголемите и најсилните клубови во земјата. Играв еднаш претходно, како противник во МОЛ Арена и доживеав одлична атмосфера на стадионот Не размислував многу за понудата на Види, сакав да се преселам овде. Сакам да му помогнам на клубот да ги постигне своите цели, секогаш има големи амбиции во лигата. Ќе се натпреварува во Лигата на конференции, каде што сакаме да одиме што подалеку и да стигнеме до групната фаза. Имав шанса да работам со Иштван Салои во Залаегерсег само неколку недели, но видов дека е добар фудбалер и добра личност, така што среќен сум што повторно ќе работам со него – рече Серафимов за клупскиот сајт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот