Македонскиот репрезентативец Ристовски потпиша нов договор со Динамо Загреб

фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Нема потврда од клубот, но хрватските медиуми пренесуваат дека Стефан Ристовски (31) потпиша нов договор со Динамо Загреб.

Македонскиот репрезентативец ќе остане верен на „модрите“ до лето 2025 година со опција договорот да биде продолжен на уште една година.

Воедно според тамошните медиуми, после заминувањето на Аријан Адеми, кој се пресели во Кина, се очекува Ристовски да биде новиот лидер на хрватскиот шампион.

Покрај нашиот дефанзивец, нови договори потпишаа и Јосип Мишиќ, Даниел Загорац и Дино Периќ.

Ристовски кој веќе трета година го носи дресот на Динамо, сезонава во хрватското првенство запиша до сега вкупно 22 настапи и постигна четири голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот