Македонскиот репрезентативец Мекиќ имаше одличен учинок во дебито за Задар

фото: KK Zadar/Zvonko KUCELIN

Во дербито од првото коло во најсилната кошаркарска лига на Хрватска во трката за шампионската титула составот на Задар загуби минимално со 83:84 од Сплит.

Задар водеше во текот на целиот натпревар, но во самиот финиш од мечот Сплит успеа да дојде до триумфот.

За Задар дебитираше македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ кој имаше одличен учинок од 15 поени за скоро 24 минути игра.

Поефикасни од нашиот играч беа само Марко Рамљак со 20 и Дарио Дрежњак со 19 поени.

На спротивната страна Мате Калајџиќ беше најрасположен со 22 поени, шест помалку имаше Маркел Луис Саливен.

Тренерот на Задар, Даниел Јусуп по завршувањето на натпреварот изјави дека е задоволен од настапот на Мекиќ кој само два дена е со клубот, придонесуваше во играта, со креација, шут, доста помагаше. Јусуп и во следните мечеви очекува таков придонес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот