Македонскиот репрезентативец Елмас на „радарот“ на Фиорентина

фото: EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Елиф Елмас, еден од најдобрите македонски репрезентативци, моментно играч на Наполи, повторно се поврзува со трансфер во друг клуб.

Нашиот фудбалски „дијамант“ има важечки договор со „наполитанците“ до 30 јуни 2025 година.

Минатата сезона, вкупно трета за Елмас во дресот на Наполи, во италијанската Серија А запиша 37 настапи и постигна три голови.

Италијанските медиуми шпекулираат дека Фиорентина ја следи ситуацијата со нашиот 22-годишен играч од средниот ред. За Македонецот пишуваат дека е многу сестран фудбалер, но никогаш не ја уживал досега целосната доверба на наполитанскиот клуб.

Дури и во изминатата сезона играчот често мораше да се задоволи со помала минутажа. Неговата вредност се проценува околу 20 милиони евра, веќе со стекнато искуство на италијанската, но и меѓународната сцена, па би можел да има клучна улога во составот на тренерот на „виолетовите“, Винченцо Монтела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот